Роскосмос почна да работи на Венера-Д орбиталната станица

Русија се подготвува за прва мисија на Венера по советската ера, а подготовките веќе започнаа преку државната корпорација Роскосмос.

Венера-Д треба да биде вселенско летало кое ќе има мисија да стане орбитрална станица на планетата Венера и прво од трите планирани мисии.

Оригинално, Роскосмос и НАСА требаше заеднички да работат на проектот, но како што стојат работи најверојатно Роскосмос самостојно ќе работи на овој проект.

„Техничкиот дизајн на проектот веќе започна“, во изјава за ТАСС соопшти Лев Зелени, директор за истражувања на рускиот Институт за вселенско истражување.

Планот е леталото да биде лансирано во 2029 година, доколку сѐ се одвива навреме според планираното. Потоа треба да следуваат уште две мисии во 2031 и 2034 година. Последното назад на Земјата ќе донесе примероци од атмосферата и можеби од почвата.

Последен пат кога Москва ја истражуваше Венера беше за време на Советскиот Сојуз, во 1970 година. Тогаш леталото Венера-7 стана првото кое успеало да слета на оваа планета и да испрати податоци на Земјата.

„Нашата држава е првата и единствената која била на Венера. Нашата опрема беше таму и направи истражување. Генерално, планетата е вистински пекол. Мисиите на Венера се дел од владиниот програм за руско истражување на вселената за 2021-2030“, рече Дмитриј Рогозин, главен раководител на Роскосмос.

Ако Марс е примамлив за САД, Венера е за Русија. Во советската ера русите имаа куп мисии на оваа планета, па не бадилаја во една прилика Рогозин рече дека „Венера е руска планета“.

Иако по големина е слична на Земјата, има атмосфера со 97% јаглероден диоксид и просечна температура од 464°C, што ја прави неподнослива за живот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе