Рот: Промена на границите на Западен Балкан не решава никаков проблем

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, изјави дека промената на границите не решава никаков проблем на Западен Балкан, како и дека таа приказна може да биде многу опасна и повторно да ја отвори Пандорината кутија полна со конфликти.

Во интервју за Deutsche Welle на албански јазик, по повод таканаречениот нон-пејпер, наводно доставен од словенечкиот премиер Јанез Јанша до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Рот рече дека сегашноста и иднината на Западен Балкан се во помирување, блиска регионална соработка и оддалечување од национализмот и реваншизмот.

„Земјите од Западен Балкан се и остануваат земји на мултирелигиозни и мултиетнички општества. Ова е предуслов за мир, просперитет и демократија. Убеден сум дека словенечката Влада јасно се огради од фантазиите за промена на границите, бидејќи никој во Европа не е заинтересиран за тоа“, рече Рот.

Тој додаде дека сеќавањата за војната во 90-тите треба да бидат доволно предупредување за сите и посочи дека фантазиите за промена на границите припаѓаат на пропаднато минато.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе