Авто новости

Ротациониот мотор на Mazda се враќа подготвен за новото време

13. март 2019 - 19:46 | А.С.

Љубителите на ротациониот мотор на Mazda со нетрпение ја чекаат потврдата дека конечно ќе се врати на сцена.

Поради сѐ поострите еколошки норми и трендот на зголемување на економичноста, се чинеше дека засекогаш ќе остане во историјата.

Меѓутоа, Mazda веќе некое време развива технологија во која главна улога ќе има токму ротациониот мотор.

Иако првично беше планирано да овозможува автономија на хибридните возила, новиот технолошки развој му носи значително поширока улога.

Директорот на Mazda Ичиро Хиросе на Саемот за автомобили во Женева, каде јапонската компанија го промовираше новиот кросовер CX-30, потврди дека хибридниот ротационен агрегат е развиен до тоа ниво што ќе може да се продава на кој било пазар, вклучувајќи ги и оние со најригорозни еколошки норми.

Хиросе ја спореди оваа технологија со онаа на Toyotа Prius, чиј универзален хибриден погон не само што произведува струја, туку и директно ги движи тркалата кога е потребно.

Оваа технологија наречена XEV би можело да се најде во продукциските модели во Австралија и во Јапонија во следните неколку години.

Коментирај