РСБСП: Неколку практични совети за трудници - возачи

Постојат повеќе начини и повеќе различни ситуации во кои жената може да се најде како учесник во сообраќајот и да влијае на безбедноста во сообраќајот. Една од нив е улогата и однесувањето на жената како возач и мајка.

Постојат низа специфики во однос на однесувањето на жената - возач и мајка во сообраќајот. Во одреден дел од својот живот, жените имаат потреба да бидат возачи или патници и покрај тоа што се наоѓаат во блажена состојба, односно бременост.

Во ваква состојба, жената како возач мора да знае како да се однесува во сообрќајот и како да го заштитити своето бебе. Генерално, бебето добро е заштитено во мајчиниот стомак, но кога возите или патувате со автомобил, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да го заштитите доколку се случи сообраќајна незгода.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни и практични совети наменети за идните мајки - возачи:

- Положбата на седење зад воланот е првиот и најважен момент со кој секојдневно се соочуваат бремените жени - возачи. Кога се во блажена состојба, жените мора да знаат дека треба да заземат положба во која ќе бидат доволно оддалечени од управувачот, положба што ќе ги штити од евентуален удар на управувачот во стомакот, и нема да ја загрози можноста за безбедно управување со моторното возило. За сосема доволна и безбедна оддалеченост од волнот се смета растојанието од околу 25 сантиметри. Но, важна е и насоката на воланот. Затоа внимавајте воланот да биде во правец на градниот кош, а не во правец на вашиот стомак. Избегнувајте чести и мали судири и контакти на стомакот со волнот.

- Положбата во која седи жената е од исклучителна важност, особено за жените со проблемтична бременост, односно положба на седење благо наклонета наназад е идеална за да се спречи континуирано притискање на матката и бебето. Така ќе бидете сигурни дека вашето бебе удобно се чуствува додека вие возите.

- Обврската за користење сигурносен појас останува и покрај специфичната состојба во која се ноѓате. Она што е важно, е да внимавате појасот да биде правилно поставен. Тоа значи долниот дел од појасот да биде ставен под стомакот на колковите, но не и врз стомакот. Горниот дел од појасот треба да биде поставен над стомакот т.е. на клучната коска (помеѓу вратот и горниот дел од раката). Употребата на сигурносниот појас е во функција на ваша заштита и заштита на вашето бебе.

- Не постојат директни ограничувња за тоа до која фаза од бременоста е дозволено да се управува со моторно возило, но сепак гинеколозите препорачувааат тоа да биде до 30 недела од бременоста, а ако возите на подолги дестинации да правите почести паузи.

- Истражувањата направени од релевантни меѓународни организации покажуваат дека  доколку бремените жени седат правилно во седиштето зад воланот и безбедно се оддалечени од воздушните перничиња, тогаш во таква ситуации воздушните перничиња се во функција на поголема безбедност на мајката и бебето.

- Во случај на сообраќајна незгода, бремените жени задолжително треба да посетат лекар дури и кога се сигурни дека не се повредени. Не е научно потврдено, но сепак некои студии покажуваат дека бремените жени кои учествувале во сообраќајна незгода се со повисок ризик за предвремено породување.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата препорачува бремените жени - возачи да се држат до наведените совети и пораки за поголема лична безбедност и за поголема безбедност на нероденото бебе.

реклама

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе