РСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користите сигурносен појас?

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. За жал, фактите и состојбите покажуваат дека голем дел од возачите и патниците не користат сигурносен појас. Со цел подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, РСБСП со одговори на неколку важни прашања поврзани со сигурносните појаси. 

Која е целта и како правилно да користите сигурносен појас?

1. Основната цел на користењето на сигурносниот појас  е:

  • да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир;
  • да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и да се спречат повредите поради контакт со внатрешни делови од автомобилот;
  • да одземе голем дел од енергијата ослободена при судир и да ја дистрибуира и дисперзира  на појасот и разните делови од телото, ефикасно намалувајќи ги последиците од судирот на поединечните делови на телото;
  • да се обезбеди ефикасна заштита на возачите и патниците во комбинација со воздушно перниче и други безбедносни елементи (потпирачи за глава, ергономски седишта, шасија на возилото, и др). Важно е да се истакне дека кај голем дел од современите моторни возила вклучувањето на воздушните перничиња во случај на сообраќајна незгода  е условено од користењето на сигурносниот појас.

- Како правилно да го користите и одржувате сигурносниот појас и како правилно да го прицврстите за телото?

За да може целосно да се исползуваат ефектите од сигурносниот појас  многу важно е истиот правилно да се користи и затоа важно е да ги знаете следниве детали:

  • Горниот дел на појасот се протега преку рамото (не преку вратот), а долниот дел се протега под стомакот и над колковите;
  • Вметнете го „јазикот“ – металниот дел од појасот во бравата за закопчување  се додека не чуете „КЛИК“;

  • Појасот  треба да биде прилепен  што е можно поблиску до телото, ако тоа не случај, тогаш е потребно дополнително затегнување;
  • Појасот не смее да биде заплеткан и лабав.
  • Ако возилото учествувало во сообраќајна незгода, сите користени безбедносни појаси треба да се заменат, дури и ако штетата не е видлива.
  • Треба да се проверуваат безбедносните ремени повремено за да се утврди потенцијална штета. Не користете агресивни средства за чистење, бидејќи тие можат да го ослабат ременот.
  • Специјалните  додатоци  кои наводно ја зголемуваат удобноста при користење појас спречуваат автоматско затегнување на појасот  и затоа се многу опасни. Појасот  не е  добро затегнат кога користите такви додатоци и на тој начин може да предизвикате сериозни повреди во случај на сообраќајна незгода.

РСБСП со апел: „Биди паметен! Не заборавај! Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас. Дури и на најкратките патувања“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе