РСБСП со одговори: Сигурносни појаси - кој, кога, зошто?

Eдна од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди е ниското ниво на употреба на сигурносни појаси.

И покрај тоа што користењето на сигурносни појаси е законска обврска за која се свесни речиси сите возачи и патници, сепак голем дел од возачите и патниците не ја почитуваат оваа законска обврска.

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Кој, зошто и кога  треба да користи сигурносен појас?

•                    Користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот.

•                    Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.

•                    Обврската за користење на  сигурносни појаси се однесува на возачот, на сопатниците  на предните седишта,  но и на сопатниците на задните седишта, односно на сите седишта во возилото во кои има вградено сигурносен појас, возачот односно патниците, имаат задолжителна обврската за користење на сигурносен појас.

•                    Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна за возачот и сите патници во возилото без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

•                    Обврската за користење на сигурносен појас не се однесува исклучиво на:

- доставувач на стока во прометот, во местото на испорачувањето 

- возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.

•                    Децата до 5 години задолжително треба да користат детско седиште врзано со сигурносен појас.

•                    Некористењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.

•                    Во случај на сообраќајна незгода, сигурносниот појас и воздушното перниче ќе го забават и ќе го спречат движење на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир. Последиците за возачот и патниците се помалку сериозни во однос на оние возачи и патници кои што не ги користат сигурносен појас.

Имајќи ги предвид горенаведените факти, РСБСП со апел: „Биди паметен!  Не заборавај! Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас. Дури и на најкратките патувања.“

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more
 

Автомобили

  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе