ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Руди Гарсија: Ако се браниме, нема да победиме

Францускиот стратег е пред голем предизвик вечерва: го пречекува Јувентус, тим против кого неговиот Лион никогаш не победил.

Руди Гарсија добро го познава италијанскиот шампион бидејќи цели три сезони ја водеше Рома, а на почетокот од четвртата се раздели со „Волчицата“. Во Лион е од средината на октомври.

„Јувентус игра на истиот начин како што играат и Наполи и Емполи кога ги водеше Сари. Тој е тактички цврст стратег: нема дилеми тука. Настрана тоа, Јувентус како клуб е толку силен што начинот на игра всушност не им се промени откако ја направија тренерската смена“, образложува Гарсија.

Стратегот на Лион верува дека неговиот тим може да направи изненадување како што тоа им појде од рака на Борусија и на Атлетико минатата недела.

„Сите мислевме дека Ливерпул и ПСЖ ќе победат. Сега нам ни е ред да си ја искористиме шансата и да ја покажеме нашата најдобра игра. Ќе ни треба тоа за да одиграме добар прв натпревар против Јуве. И да се надеваме дека тие нема да играат со 100 посто од нивниот потенцијал“, се надева тој.

„Доколку само се браниме, нема да победиме. А, за да победиме ќе ни биде потребна поддршка од навивачите за да добиеме енергија и да бидеме во најдобра форма“.

Нормално, неодминливо е прашањето како Гарсија планира да се справи во Кристијано Роналдо.

„Роналдо е неверојатно посветен играч. Убаво е што ќе играме против него, иако немаме специфичен план за тоа како да се справиме со него бидејќи доколку го направиме тоа, потоа ќе ни треба истото и за Дибала и за Игуаин. Тие имаат многу одлични фудбалери за да пробуваме индивидуално да ги попречуваме. Мора тоа да го направиме тимски“, откри францускиот стратег.

Лион викендов славеше со 0:2 на гостувањето кај Мец каде настапи со формација 3-4-1-2.

„Нема да играме со истата формација од нашиот последен натпревар. Таа формација беше посебно поставена поради враќањето на Лео Дјубоа и пристигнувањето на Бруну Гимарајс“, вели Руди Гарсија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе