ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Руичи Сакамото во фокус на четвртото издание на Скопје Синема Сити

Од 6 – 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Оваа година ССС влезе во својата четврта година откако се организира и по тој повод, во текот на годината се организираат четири филмски настани. Централно место во програмата на Синема Сити зазема музиката и нејзиното филмско претставување.

„Фестивалот е обединувачката платформа каде што се застапени повеќе содржини и компоненти преку филмската програма. Тој нема натпреварувачки карактер, односно изборот на филмови не се прави само од понова продукција, туку се селектираат филмови од најразлични години на продукција, земји и автори со цел да се прикаже ширината и богатството на музиката и светот којшто таа го инспирира или којшто е инспириран од неа“, изјави Ненад Георгиевски, директор на фестивалот.

Во изминатите години Фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви, на Леонард Коен и на „Крафтверк“, а оваа година Скопје Синема Сити ќе му оддаде почит на големиот јапонски филмски композитор Руичи Сакамото, преку прикажување на филмот „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари оваа година.

Руичи Сакамото е познат како сестран уметник и неговите достигнувања во музиката се светски познати, почнувајќи од поп-изданијата и соработките со уметници како Дејвид Силвијан, Бил Ласвел, Иги Поп, Лори Андерсон, Хектор Зазу, па до бројните филмски проекти, како „Среќен Божиќ, г-не Лоренс“, серијата филмови во соработка со реномираниот режисер Бернардо Бертолучи „Последниот кинески цар“, „Чај во Сахара“ и „Малиот Буда“. Неодамна тој беше актуелен и со музиката за филмот на Алехандро Инариту „Повратникот“, на со Оскар наградениот Леонардо ди Каприо.

Фестивалот ја продолжува традицијата, во 2015 г. му додели признание на Дејвид Боуви за достигнувањата во областа на филмот и музиката, а оваа година со истото признание ќе се закити и Руичи Сакамото.

На некаков начин филмот „Кода“ и неговите под-теми како активизам, креативност и животните приказни кои придонеле за да се создаде таа музика и случувања ги обојуваат темите на филмовите кои ќе се прикажат на овогодишниот Скопје Синема Сити.

Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм, а одделни компоненти се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе