Останати спортови

Руиз не се плаши од реванш: Му ги знам сите слаби точки на Џошуа

23. јуни 2019 - 16:00 | А.С.

Светскиот боксерски првак во тешка категорија, со појаси во IBF, WBa и WBO, изјави дека и во реваншот ќе го победи Ентони Џошуа.

Мексиканецот Руиз (29) на 1 јуни направи огромно изненадување во Madison Square Garden во Њујорк кога го нокаутираше Џошуа и му ги собра сите појаси.

Џошуа ја искористи клаузулата со која има право на реванш, а новата борба ќе се одигра во ноември или декември.

Руиз е уверен дека ќе слави и во реваншот.

„Исходот во реваншот ќе биде ист како во првата борба, а јас ќе бидам уште поподготвен. Ги знам сите негови слаби точки, а јас можам да бидам многу подобар. Пред сѐ, ќе ослабам уште. Џошуа само трча по рингот, воопшто не е добар во боксување“, рече Руиз.

Првиот Мексиканец со титула светски првак во тешка категорија од првата борба заработи 6 милиони евра и пред медиумите откри што купил со парите од наградата.

„Прво ѝ купив автомобил на мајка ми. Кога бев помлад ѝ расипав неколку автомобили и решив вака да ѝ се искупам“, рече Руиз.

Коментирај