Фудбал

Румениге објасни зошто Кутињо ја доби десетката на Робен

20. август 2019 - 9:46 | Ф.З.

Баерн најави повлекување на дресот со бројот 10 во чест на Арјен Робен, но синоќа токму таа бројка му ја даде на новото засилување Филипе Кутињо.

Директорот на Баерн, легендарниот Карл-Хајнц Румениге ги расчисти дилемите околу тоа зошто Кутињо го доби забранетиот дрес на Робен.

„Разговарав со Робен и му реков дека одлуката е само негова, ако не сака не мора да го даде својот дрес. Тој рече дека Кутињо заслужува да го носи дресот со бројот 10“, рече Румениге.

Холанѓанецот десет сезони ги бранеше боите на гигантот од Минхен кој во негова чест најави повлекување на десетката, исто како и седумката на Франк Рибери. Двајцата си заминаа токму летово, Робен најверојатно во пензија додека Рибери е во потрага во нов предизвик.

Коментирај