Руне го исфрустрира и го исфрли нервозниот Ѓоковиќ

Младиот дански тенисер Холгер Руне е првиот полуфиналист на Мастерсот во Рим, откако во меч кој беше одложуван поради дожд кој донесе многу нервоза за двајцата ривали, со 6:2/4:6/6:2 го совлада светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Ова е втора победа во три меѓусебни дуели против Ѓоковиќ за 20-годишниот Данец.

Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција изјави дека Руне е тенисер кој најмногу наликува на него во младоста, и Руне го покажа тоа со одлична контра-игра од основната линија за убедливо да го добие првиот сет. По ова, тој ги загуби нервите при 2:3 негатива во вториот сет, кога едно топче кое дефинитивно беше на линијата, беше проценето дека е во аут. Данецот успеа да врати еден брејк, за потоа Ѓоковиќ уште еднаш да дојде до предност и мечот да биде прекинат на 5:4 поради силниот дожд.

 

Кога се вратија на теренот, Ѓоковиќ го освои следниот гем за да израмни, но потоа, дозволи Руне да направи два брејка. Нервозата во играта на Ѓоковиќ почна да се препознава – тој се расправаше со судијата на столчето зошто ги меша јазиците (англиски/италијански) и бараше еден гледач да биде исфрлен од „Форо Италико“ поради тоа што тој извикуваше „аут“.

Во полуфиналето, Руне ќе игра со подобриот од мечот помеѓу петтиот носител, Норвежанецот Каспер Руд, и Аргентинецот Факундо Черундоло.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе