Русија бира претседател: Циркус, Крим и најголемата грижа на Путин

Денеска се одржуваат редовни претседателски избори во Русија. Се очекува победа на Владимир Путин, а BBC наведува пет работи што треба да ги знаете.

Според сите досегашни анкети, се очекува Путин да победи по четврти пат. Рускиот претседател ги повика граѓаните да излезат на денешните избори и нагласи дека гласањето ќе ја обликува иднината на земјата.

Во трка за претседател се осум кандидатеи. Покрај Путин, тоа се лидерот на ултранационалистичката Либерално-демократска партија на Русија Владимир Жирновски, дологогодишниот про-Кремљ ориентиран политичар Сергеј Бабурин, лидерот на либералната партија Јаблоко Григориј Јавлински, кандидатот на малку познатата вонпарламентарна партија Комунисти на Русија Максим Сурајкин и бизнисменот Борис Титов, како и новинарката Ксенија Собчак и кандидатот на Комунистичката партија на Русија Павел Грудињин.

Најсериозниот противник на Кремљ, опозиционерот, активист и блогер Алексеј Навални, не учествува на изборите бидејќи Централната изборна комисија не му даде право да се кандидира бидејќи е осуден во случај за кој тој вели дека е политички монтиран. Тој повика на бојкот на изборите.

Во Русија има скоро 109 милиони гласачи кои ќе гласаат на 97.000 избирачки места, а во странство уште 1,8 милиони гласачи ќе може да гласаат на 394 избирачки места во 144 земји.

Иако сите предвидуваат лесна победа на Путин, британскиот јавен сервис BBC нагласува пет работи што треба да се имаат предвид.

Прво, излезност. Аналитичарите и истражувачите велат дека Путин, според анкетите, има поддршка од 70% од Русите. Меѓутоа, Кремљ е загрижен за апатијата на гласачите, особено оние во странство, кои би можеле да го свртат фокусот на легитимноста на победата на Путин. BBC исто така го нагласува повикот на бојкот од Навални.

Необично високиот број на кандидати во однос на претходните избори кога имаше само тројца, би можело да ги рассее гласовите. Затоа народот беше „бомбардиран“ со кампањата „Излези и гласај“, нагласува BBC.

Како второ, BBC го нагласува она што го нарекува „Циркус“. Многу аналитичари веќе истакнаа дека седумте противници на Путин имаат само ограничени можности, ниту еден не нуди сериозна програма, поради што и изборите се оценети како „Циркус“.

Истовремено Кремљ се труди кампањата да ја прикаже како живописна и активна, за да се ангажираат гласачите, а притоа самиот Путин воопшто не учествуваше во предизборни дебати, „држејќи се подалеку и на висина“.

Во меѓувреме, останатите седуммина се расправаа, се навредуваа, се гаѓаа со чаши.

Трето: не го заборавајте Крим. Путин цело време се прикажува како спасител и обединувач на Русија, човек кој ја чува Русија од „злото на Западот“. Анексирањето на Крим од Украина беше искористено за зајакнување на националниот идентитет на Русите, а датумот на изборите беше поместен за 18 март, денот кога се навршуваат 4 години од преземањето на Крим.

Четврто – треба да се земе предвид и кој НЕ учествува на изборите. Највлијателниот опозиционер Навални не учествува во изборите, но според BBC има моќ да допре до народните маси со известувањата за корумпираност на режимот, нешто што ниту еден од противкандидатите на Путин не може да го направи.

BBC потсетува дека неговата сторија за корумпираност на рускиот премиер Дмитри Медведев, што на социјалните мрежи ја прегледаа најмалку еден милион Руси, доведе до амсовни протести. Сепак, ниту една државна телевизија не ги следи активностите на Навални, а Путин никогаш не го спомнува по име.

Петто: годинава има многу млади гласачи. Кремљ нагласи дека годинава најзначајна целна група се гласачите од 18 до 30 години, млади луѓе кои се најдезориентирани во економски нестабилното општество.

Кремљ секако забележа и дека на протетсите на Навални за бојкот на изборите имаше многу млади Руси, па затоа беше засилена кампањата за младите гласачи во која Путин ги убедуваше во „поубава иднина“.

На социјалните мрежи беше покрената кампања во која се ангажираа младите, во која учествуваа познати личности во Русија. Не се знае кој стои зад кампањата, но многумина типуваат дека тоа е Кремљ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе