Русија ги менува правилата за мобилизација, кој ќе биде поштеден?

Б.С.Б.
/ 04.10.2022 / 18:45

Главниот штаб на вооружените сили на Руската Федерација во најкраток можен рок ќе им понуди појаснување на сите кои вршат делумна мобилизација за одложување на мобилизацијата. Ова упатство денес го даде рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

 

Освен тоа, Шојгу нареди да се престане со кршење на правата на граѓаните за време на делумната мобилизација, како и  да се обезбеди потребното за оние кои ги пополнуваат редовите на руските вооружени сили.

Како што соопшти, над 200.000 луѓе веќе пристигнале во вооружените сили како дел од мобилизацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин не бил задоволен од начинот како е извршена мобилизацијата, па побарал од министерството за одбрана брзо и темелно да се справи со грешките направени во текот на делумната мобилизација.

Според новите правила за мобилизација, право на одложување за одење на военото поле во Украина добија студентите, вработените во воено-индустриските организации, како и вработените во акредитирани организации во областа на информатичката технологија.

Одложување на мобилизација добија и вработените во медиуми, како и во банки и финансиски институции, како и родителите на „деца со неизлечливи болести или три деца од кои едно е инвалид“.

Од мобилизација се ослободени оние кои постојано се грижат за член во семејството, имаат 4 или повеќе деца до возраст од 16 години или четири и повеќе браќа и сестри до 8 години (под услов мајката да ги одгледува без таткото), оние кои се прогласени за привремено неспособни за војска од здравствени причини, воени пензионери отстранети од воена регистрација, како и Русите кои не се регистрирани во војска бидејќи имаат постојано живеалиште надвор од земјата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе