Русија го изведе најголемиот ракетен напад на Украина досега

Б.С.Б.
/ 17.11.2022 / 11:05

Русија во вторникот го изведе најголемиот ракетен напад на Украина од првата недела на војната.

Британското Министерство за одбрана објави дека во вчерашните напади Русија испукала до 80 ракети со долг домет во правец на украинската енергетска инфраструктура.

Како што наведоа, од почетокот на инвазијата, ова е најголем број напади изведени од Русија во еден ден. Проектилите биле испукани од воздух, од море и од земја.

„Иако голем број проектили успешно се пресретнати, Украина се соочува со значително опаѓање на енергијата достапна од националната мрежа. Ова ќе влијае на пристапот на цивилите до комуникација, топлина и вода“, наведено е во анализата.

URL

Според американската амбасадорка во УН, Линда Томас Гринфилд, овие напади за цел имаат да го смрзнат Киев до покорност.

Русија и утринсвс изврши голем ракетен напад врз Одеса. Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Днепар.

Локални функционери изјавија дека во Киев и Днепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

URL

Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура.

„Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

„Украина веќе претрпе исклучително тешки удари кои ги немаа очекуваните резултати на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ќе ги згазиме“, додаде Јермак.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе