Русија го назначи Стивен Сигал за „специјален советник“ во односите со САД

Министерството за надворешни работи на Русија денеска објави дека Стивен Сигал ја презема функцијата на специјален советник во разговорите со САД, со цел да се подобрат односите помеѓу овие две земји. Тој од поодамна покажуваше симпатии кон Русија и Владимир Путин, а во 2016 година доби и руско државјанство.

Руското министерство за надворешни работи оваа вест ја соопшто преку објава на Facebook, со објаснување дека позицијата која ја добива американскиот актер нема да биде платена.

Неговата одговорност ќе биде да „ги поттикне и подобри односите помеѓу Русија и САД на полето на хуманитарните активности, вклучувајќи ја тука и културата, уметноста и младинските размени меѓу двете земји“. Во 2015 година Владимир Путин му предложи на тогашниот американски претседател Барак Обама дека би можел да го постави Сигал за почесен руски конзул во Калифорнија и Аризона.

Во ноември 2016 година американскиот актер го посети рускиот претседател во Кремљ и тогаш му беше издадено руско државјанство. Бабата на Сигал е родена во Владивосток, Русија, а актерот и Владимир Путин ги спојува љубовта кон боречките вештини.

„Владимир Путин е еден од најголемите светски лидери, можеби и најголем во моментов. Имам огромна почит за него“, рече Сигал во интервју за каналот RT во 2013 година.

Покрај руско и американско, на Стивен Сигал му беше понудено и српско државјанство во 2016 година, кога тој отворено ја искажа намерата да отвори школа за боречки вештини во главниот град на Србија, Белград.

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Што носи транзитот на Венера во Скорпија на 13 октомври за секој хороскопски знак?

Read more

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Read more

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Read more

Свет

Жесток израелски напад на дворот на болницата во Газа, најмалку четворица мртви

Read more

Кои се седумте држави кои ќе одредат кој ќе биде следниот претседател на САД?

Read more

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Read more

ЕУ сака да воведе санкции против Иран поради испраќање ракети до Русите

Read more
 

Вести

Жесток израелски напад на дворот на болницата во Газа, најмалку четворица мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот

Читај повеќе

Кои се седумте држави кои ќе одредат кој ќе биде следниот претседател на САД?

Читај повеќе

Доларот зајакна, скокнаа цените на нафтата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Читај повеќе

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

ЕУ сака да воведе санкции против Иран поради испраќање ракети до Русите

Читај повеќе

Без струја делови од неколку скопски населби

Читај повеќе

Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија

Читај повеќе