Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рускиот воен авион IL-20 е соборен со ракета од сирискиот систем S-200 и за тоа го обвини Израел.
„Израелските авиони намерно создадоа опасна ситуација во подрачјето на Латакија, Сирија. Криејќи се зад руски авион, израелските авиони го ставија на удар на сириските системи PVO S-200“, стои во соопштението.
Израел не ја предупредил руската група во Сирија дека има намера да изведе операција во Латакија. Израелските радари морале да го забележат рускиот авион, кој се подготвувал да слета.
„Провокацијата на Израел ја сметаме за непријателски чин. Поради неодговорните акции на израелската војска загинаа 15 руски војници. Тоа воопшто не е во духот на руско-израелското партнерство“, изјави рускиот генерал Игор Конашенков.