Руската компанија Hoversurf го презентираше својот изум, дрон-такси, кое е прво од ваков вид во цела Русија.
Hoversurf тврди дека овој дрон, наречен едноставно Hover 2021, може да лета до 150 метри во височина и да носи товар до 300 килограми. Максималната брзина која ќе може да ја развие е 200 километри на час.
Компанијата Hoversurf е на рускиот иноватор Александр Атаманов.