Русија го призна допингот

Високи руски функционери прв пат признале дека постоел допинг систем, кој крена „голема прашина“ и обележа неколку големи спортски настани во годината која изминува. Според последниот извештај, објавен на 9 декември, повеќе од 1.000 руски спортисти учествувале во системскиот допинг во периодот од 2011-2015 година.

Во интервју за New York Times, високи функционери признале дека допинг програма постоела, но демантирале дека државата знаела и учествувала во тоа.

„Тоа е институционен заговор“, рекла Ана Анцелиович, актуелна директорка на Антидопинг агенцијата на Русија.

Во мај годинава, поранешниот директор на оваа институција Григориј Родченков рече дека на спортистите им бил даван коктел на стимулативни лекови, а членовите на Федералната служба за безбедност (поранешен КГБ) ги фалсификувале резултатите на тестовите и фингирале се што се случувало на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Пресвртот кај Русите најверојатно доаѓа од желбата тие да ги нормализираат односите со Светската антидопинг агенција (WADA), односно што побргу да им овозможи на своите спортисти да се вратат на светските натпревари, како и повоторно добивање на организација на големи спортски настани, откако неодамна на Русија и беше одземена организацијата на Светското првенство во боб и скелетон.

Сепак високите спортски функционери негираат дека државата била вмешана и дека под нејзин надзор се спроведувала допинг програмата, а Ана Анцелиович истакнала дека била „шокирана од таквите наводи“.

„Направивме многу грешки“, изјавил поранешниот министер за спорт и прв човек на Олимпискиот комитет на Русија, 81-годишниот Виталиј Смирноф коментирајќи го извештајот на Мекларен објавен на 9 декември.

Самиот Мекларен изјавил дека е задоволен што Русите повеќе не ги негираат откритијата во врска со допингот, истакнувајќи дека „веројатно се мотивирани од желбата да ги прекинат понатамошните истраги“.

Но, иако Смирноф и останатите ги признаа доказите кои ги изнесе Мекларен, тие во своите изјави не отстапуваат дека со измамите Русите сакале да укажат на посебниот третман кој западните земји го имаат во глобалните спортски институции.

„Дали ги видовте документите Fancy Bear?“, потсетува Смирноф на хакираните документи во кои се наоѓаат имиња на бројни спортисти кои со дозвола, поради медицински причини, користеле забранети сретства.

„Русија никогаш немала можности кои ги добиваа другите земји. Генерално мислењето во Русија е дека ние немавме никави шанси“, дополнил Смирноф.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе