Москва, 18 март 2019 (МИА) – Русија денеска ја призна нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.
-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.