Русија го враќа ударот: Ќе носи војска на Куба и во Латинска Америка

Владимир Путин договорил нова соработка со Куба, Венецуела и Никарагва како одговор на присуството на НАТО на руските граници.

Министерот за надворешни работи на Русија соопшти дека неговата држава договорила развојна соработка со трите латиноамерикански земји како одговор на прошувањето на НАТО во Источна Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин се договорил со претседателите на Куба, Венецуела и Никарагва за развој на партнертсво во повеќе области вклучувајќи и воена соработка.

Зборувајќи синоќа на настан пред Думата, Сергеј Лавров соопшти дека Путин неодамна разговарал со лидерите на трите латиноамерикански држави и сите заедно се договориле на заедничка соработка за развој на посилна стратегиска кооперација.

„Претседателот Путин неодамна телефонски разговараше со неговите колеги од овие три влади, со кои ние сме многу блиски и добри пријатели, и тие се согласија да пробаат да ги зајакнат нашите стратешки партнерства во сите области, без исклучоци“, соопшти Лавров. Потенцираше дека Русија веќе има блиски односи со овие држави во многу сфери, „вклучително воени и воено-технички“.

Прашан за изгледите за зголемена воена соработна со овие земји, Лавров одговори дека „во блиска иднина сметаме на редовни состаноци на соодветните комитети“.

На почетокот од месецов заменик-министерот на руското МНР, Сергеј Рјабков, беше прашан за можноста од тоа Русија да испрати војска во Латинска Америка, а тој не ја исклучи таа можност. „Американски стил е да се има повеќе опции за своите странски и воени политики. Тоа е темелот на моќното влијание на таа земја во светот“, рече тој тогаш.

„Рускиот претседател многупати зборуваше на темата какви мерки може да се преземат, на пример вклучувајќи ја и руската морнарица, доколку работите и натаму се на курсот на провокација кон Русија и воен притисок врз нас од страна на САД. Ние не го сакаме тоа. Дипломатите мора да дојдат до договор“, додаде тој.

Американскиот советник за државна безбедност, Џејк Саливен, одговори дека „руската воена активност во Латинска Америка не беше предмет на дискусија во неодамнешните безбедносни разговори“, но додаде дека САД одлучно ќе одговорат доколку дојде до такво нешто.

Политички лидери од Русија и САД последниов период преговараат во обид да ја деескалираат ситуацијата околу Украина, за која Вашингтон ја обвинува Москва дека планира инвазија. Кремлин негира дека има било какви намери за агресија и побара писмени гаранции дека НАТО, воен блок предводен од САД, нема да се проширува со Украина и Грузија, две држави кои граничат со Русија.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Свет

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Катар евакуираше делови од Доха

Read more

Трамп ѝ даде функција на Ерика Кирк во Академијата за воздухопловни сили

Read more

Американската операција „Епски бес“ чинела 11,3 милијарди долари за шест дена

Read more
 

Вести

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе

Катар евакуираше делови од Доха

Читај повеќе

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Читај повеќе

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Читај повеќе

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Читај повеќе