Русија има нова програма за надворешна политика

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека новата надворешна политика на Москва ќе се фокусира на ставање крај на, како што рече, „монополот“ на Западот врз глобалните работи, обвинувајќи го Западот за потиснување на ривалските центри на моќ.

Руските државни медиуми минатата недела објавија дека претседателот Владимир Путин е подготвен да одобри нова надворешна политика додека односите со Западот се на историски најниско ниво поради војната во Украина и санкциите од Западот.

„Англосаксонците и остатокот од колективниот Запад, кој несомнено им се покорува, по секоја цена се обидуваат да го наметнат својот диктат на светските работи“, им рече Лавров на пратениците во Думата.

„Нашиот обновен концепт на надворешната политика ќе се фокусира на потребата да се стави крај на монополот на Западот во обликувањето на рамката на меѓународниот живот, кој во иднина мора да биде определен не од неговите егоистички интереси, туку од праведен, универзален баланс на интереси.“

Кремљ често ги обвинуваше западните земји, на чело со „англосаксонските“ САД и Велика Британија, дека се обидуваат да доминираат во глобалната политика и се мешаат во туѓите работи. Паралелно, тие ги потиснуваат растечките сили во Азија, Латинска Америка и Африка, тврдат Русите.

Западните земји тврдат дека Русија се изолирала на глобалната сцена со инвазија на соседна земја и дека групите поддржани од Русија се мешале во изборните процеси на Запад. Евгениј Пригожин, истакнат сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, сега отворено го признава тоа.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Свет

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Read more

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Read more

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Read more

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Read more
 

Вести

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе