Русија: Имаме доказ дека САД ја поддржуваат ИСИС

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека САД „имитирајќи борба против тероризмот всушност обезбедуваат помош за единиците на терористичката група ИСИС со цел да ги промовираат своите интереси на Блискиот Исток.“

Руското министерство соопшти дека „американските сили одбиле да изведуваат воздушни напади на терористите од ИСИС кои се повлекуваат од Абу Камал во Сирија.“

Операцијата за ослободување на источниот град Абу Камал покажа дека „американската коалиција директно ја поддржувала терористичката група ИСИС.“

„Овие факти сочинуваат неоспорен доказ дека САД, кои пред светската заедница имитираат непоколеблива борба против меѓународниот тероризам, всушност ги покриваат борбените единици на ИСИС за да ја обноват нивната борбена готовност, да можат да се прегрупираат и да го искористат промовирањето на американските интереси на Блискиот Исток“, стои во соопштението објавено во „Спутник“.

Министерството за одбрана денеска објави фотографии на кои, наводно, се гледа колона терористи долга неколку километри од Абу Камал во правец кон Вади ел Саба на сириско-ирачката граница.

Според податоците на министерството, операцијата што ја изведоа сириските владини сили кон крајот на минатата недела за ослободување на Абу Камал со поддршка на руската авијација, открила, како што се тврди „факти за директно влијание и поддршка за терористите на ИСИС од коалицијата на чело со САД.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе