Русија ја надмина Саудиска Арабија во производство на нафта

Русија во декември ја престигна Саудиска Арабија во производството на сирова нафта, кога двете земји почнаа да ги намалуваат испораките во договор со останатите производители на „црното злато“, со цел да се намали презаситеноста на пазарот.

Русија во декември произведувала по 10,49 милиони барели дневно или за 29.000 барели помалку во однос на ноември, објави Bloomberg.

Саудиска Арабија го намали производството на 10,46 милиони барели дневно од 10,72 барели, колку што произведуваше во ноември.

Ова е прв пат од март минатата година Русија да произведе повеќе сирова нафта од Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија и другите членки на ОПЕК во ноември донесоа одлука да го намалат производството на нaфта на 1,2 милиони барели дневно, од 1 јануари во наредните шест месеци, пренесува RT.

Другите земји производители на нафта, кои не се членки на ОПЕК, вклучувајќи ја Русија, ветија дополнително намалување на производството.

Од ноември цената на сировата нафта „брент“ од Северното Море порасна за околу 20 отсто. 

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе