Русија ја напушта МВС и гради своја вселенска станица

Русија ќе се повлече од проектот за Меѓународната вселенска станица (МВС) по 2024 година и има намера да изгради своја вселенска станица.

Новиот шеф на Роскосмос, Јуриј Борисов, изјави дека Русија ќе ги исполни сите свои обврски кон партнерите поврзани со проектот МВС, но дека е донесена одлука за повлекување по 2024 година. Тој за ова го информирал и рускиот претседател Владимир Путин на средбата одржана во Кремљ.

„Мислам дека дотогаш ќе почнеме да ја склопуваме руската орбитална станица“, истакна Борисов.

Според неговата визија, летовите на космонаутите во вселената треба да бидат дел од систематска научна програма, така што секоја мисија ќе ѝ обезбеди на Русија ново знаење. Претходниот шеф на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, предвиде дека МВС, која американската вселенска агенција НАСА планира да ја користи до 2030 година, ќе се распадне дотогаш доколку не се вложат огромни средства во поправки.

Но, напорите да се задржи станицата во орбитата повеќе не се профитабилни за Русија поради актуелната геополитичка ситуација, посочи тој.

Борисов во април изјави дека руските модели дошле до крајот на својот животен век.

МВС беше лансирана во 1998 година како заеднички проект на руските, американските, јапонските, канадските и европските вселенски агенции и беше поделена на американски и руски дел.

Роскосмос претходно објави скици од својата идна вселенска станица, наречена РОСС (Руска орбитална сервисна станица), а станицата се планира да биде автоматизирана бидејќи космонаутите ќе доаѓаат за сервисирање и замена на опремата. РОСС се состои од четири модули и платформа за одржување на летала и е дизајнирана да прими екипаж од два до четири члена.

Тагови
реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Вести

Пиевте и сакате да возите: Паметна нараквица може да ве спречи да го запалите автомобилот

Read more

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Никогаш не бирајте лозинки на овој начин: Експерти открија дека се лесен плен за хакерите

Read more

Европа пред радикален потег: Општа забрана за социјалните медиуми за деца?

Read more

Гик

Пиевте и сакате да возите: Паметна нараквица може да ве спречи да го запалите автомобилот

Читај повеќе

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Читај повеќе

Никогаш не бирајте лозинки на овој начин: Експерти открија дека се лесен плен за хакерите

Читај повеќе

Европа пред радикален потег: Општа забрана за социјалните медиуми за деца?

Читај повеќе

Мистеријата на Медичи стара 400 години решена со ДНК анализа

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците развија автономен систем за откривање и неутрализирање на поморски мини

Читај повеќе

Кинески шамар за санкциите: Пронајдоа начин да произведуваат напредни чипови без скапи EUV машини

Читај повеќе

Hisense претстави паметен телефон со e-ink дисплеј и одвојлив LCD екран

Читај повеќе

Слетувањата на Месечината би можеле да уништат докази за потеклото на животот

Читај повеќе