Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов го осуди убиството на главниот политички лидер на Хамас, Исмаил Ханије.
„Ова е апсолутно неприфатливо политичко убиство и ќе доведе до натамошна ескалација на тензиите“, рече Богданов, а пренесува РИА.
Лидерот на Хамас е убиен во Техеран, а како што пренесува Daily Sabah, убиен е и неговиот телохранител.
„Во Техеран е погодена резиденцијата на Исмаил Ханије, шеф на политичката канцеларија на Исламскиот отпор на Хамас. Како резултат на овој инцидент, тој и еден од неговите телохранители се убиени“, се вели во соопштението.
Хамас објави дека Ханије е убиен по учеството на инаугурацијата на новиот ирански претседател.
Во соопштението се наведува дека Хамас ќе му се одмазди на Израел за ова убиство.