Русија на трето место во светот според трошоците за одбрана

И покрај економската криза, Русија лани повторно ѝ го зеде на Саудиска Арабија третото место во светот во однос на трошоците во сферата на одбраната, застанувајќи зад САД и Кина, соопшти денеска Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Земјата лани за воени трошоци одделила 69,2 милијарди долари, што е за 5,9 повеќе отколку во 2015 година. Таа сума претставува 5,3 отсто од нејзниот бруто домашен производ, што е нешто невидено од распаѓањето на Советскиот Сојуз пред 25 години, нагласи СИПРИ.

„Ова зголемување на трошоците во тешко време за економијата се одразува негативно на руската економија во сегашниот деликатен момент за неа поради ниските цени на горивата и економските санкции, воведени во 2014 година од Западот поради украинскиот конфликт“, коментира СИПРИ во својата анализа.

Саудиска Арабија, со трет по големина воен буџет во 2015 година, лани се симна на четвртата позиција. Трошоците за одбрана се намалиле за 30 отсто, на 63,7 милијарди долари, независно од нејзиното континуирано учество во конфликтите во регонот.

„Падот од приходите од нафта и стопанските проблеми, падот на курсот на валутите принудија голем број извознички на нафта да ги намалат воените трошоци“, изјави Нан Тајан, експерт од СИПРИ.

На прво место е воениот буџет на САД, кој беше зголемен во 2016 година за 1,7 отсто на 611 милијарди долари, а на второ место е Кина со зголемување од 5,4 отсто, односно 215 милијарди долари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе