Русија негира вмешаност во протестите на „Жолтите елеци“

Протестите во Франција се внатрешна работа на таа земја, Кремљ не се меша во внатрешите работи на други земји и тврдењата дека Русија е вмешана во француските протести се клевета, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Би сакал да истакнам дека Русија смета дека сѐ што се случува таму е внатрешна работа на Франција. Ние не сме се мешале и нема да се мешаме во внатрешните работи на ниту една земја, вклучувајќи ја Франција“, рече Песков на прес-конференција.

Тој додаде дека Москва е длабоко посветена на развивање на односите со Париз и ја почитува сувереноста на Франција.

Вчера францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриен рече дека Секретаријатот за национална одбрана и безбедност на Франција (SGDSN) отворил истрага по информациите дека Русија наводно била вмешана во протестите на т.н. „Жолти елеци“ во Франција.

Оваа информација следеше откако Times објави текст во кој тврди дека стотици профили на Twitter наводно поврзани со Русија ги подгревале протестите во Франција со објавување на фотографии со повредени демостранти и ретвитање на постови поврзани со насилните немири.

Франција се соочува со бран масовни протести од средината на ноември, кога демонстрантите кои носат заштитни жолти елеци како знак на распознавање, излегоа на улиците во знак на протест против зголемените цени на горивата и планираното покачување на даноците за дизел горива.

Протестите се засилија минатата недела, а викендов ескалираа со апсење на над 1.700 демонстранти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе