Непознато лице пукало во зграда на Федералната служба за безбедност на Русија. Во сериозниот инцидент загинале две лица.
Настанот се случил во зграда на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) која е лоцирана во Хабаровскиот крај. Лицето убило еден од вработените и посетител во зградата, пренесува во петокот РИА Новости.
„На 21 април, во 17:02 часот, во приемното одделение на Управата на ФСБ за Хабаровскиот крај упадна непознато лице и без да застане во утврдената зона за техничка контрола отвори оган врз луѓето кои биле во приемната соба.
Загина вработен на ФСБ и еден од двајца посетители – државјанин на земјите од Организацијата на независни држави (ЗНД), вториот е повреден. Напаѓачот е ликвидиран”, се вели во официјалното соопштение на ФСБ.