Русија побара од судот да го прогласи Азов за терористичка организација

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот полк Азов за терористичка организација.

„Судењето на украинското паравоено националистичко здружение Азов (други имиња: Азовски баталјон, Азовски полк) како терористичка организација и забраната за активностите на Азов во Руската Федерација е закажано за судење на 26 мај“, соопшти руското Министерство за правда.

Оваа вест е објавена откако синоќа од челичарницата Азовстал беа евакуирани украински борци, од кои голем дел се членови на Азов.

Портпаролот на Кремљ без коментар

Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира дали бранителите на челичарницата, кои сега се во руски притвор, ќе бидат третирани како воени затвореници или воени злосторници.

Азовскиот полк беше формиран во 2014 година за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас, откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим.

Некои борци од Азов биле поврзани со националистички и екстремно десничарски групи. Подоцна полкот беше вклучен во Украинската национална гарда.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе