Русија почна со повлекување на трупите и опремата од Крим

МИА/КАЈГАНА
/ 23.04.2021 / 11:37

Русија денеска почна да ги повлекува војниците привремено стационирани на полуостровот Крим, потег што може да помогне во деескалација на тензиите на Москва со Киев и западните земји, пишува AFP.

Фото: Танјуг/АФ

Војниците кои учествуваа во неодамнешните воени вежби на Крим ќе почнат да се враќаат во своите стационарни воени бази во Русија, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва, пренесоа руските медиуми.

Воената опрема што беше пренесена на Крим, а Русија и ја заплени од Украина во 2014 година, ќе се префрли со возови, авиони и бродови.

Украина и земјите од НАТО изразија загриженост заради руското трупање војници и опрема на Крим и на украинската граница, што предизвика стравување дека долготрајниот судир меѓу двете нации може да влезе во нова, многу понасилна фаза.

URL

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу повлекувањето го најави вчера, а наредбата стапи на сила денеска, пренесе AFP.

-На полигонот Опук на Крим, воените бродови се подготвуваат за заминување, бидејќи на нив се натоварени војници и опрема, рече Шојгу. За време на вежбите, таму беа стационирани околу 10.000 војници.

Во заедничките маневри беа вклучени и руските воено-воздухопловни сили. Русија вежбите ги правдаше со подготовка за одбрана на вооружените сили, што традиционално се изведува секоја пролет.

-Целта беше постигната, поради што војниците сега можат да се вратат дома, рече Шојгу.

Според западни експерти, овој воен маневар беше поголем од било која активност од 2014 година наваму.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, неделава изјави дека Русија во овој регион натрупа околу 100.000 војници.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе