Русија потврди дека ќе го применува Договорот за отворено небо

Брисел, 23 мај 2020 (МИА) – Русија ја потврди намерата да го спроведува Договорот за отворено небо, за чија судбина ќе се одлучува на конференција на земјите членки на НАТО, соопшти руската мисија во НАТО по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.

Вонредната средба на НАТО беше свикана поради еднострани најави од САД дека ќе се повлече од Договорот за отворено небо.

„Руската страна ја потврди својата намера да продолжи да ги применува одредбите од договорот. Ние ја искажуваме нашата подготвеност за натамошен дијалог, што би се водел врз основа на взаемно почитување, а не на јазикот на ултиматумите, во интерес на европската и меѓународната безбедност”, се вели во соопштението од руската мисија, јави ТАСС.

Во исто време, европските членки на НАТО ја пренесоа на САД нивната загриженост во врска со плановите на Вашингтон да се повлече од договорот на 35 земји, јавуваат британските медиуми,  повикувајќи се на официјални неименувани извори на НАТО.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека САД се повлекуваат од Договорот за отворено небо, кој им овозможува на државите потписнички да вршат невооружени летови за набљудување над териториите на другите држави потписнички.

Договорот беше потпишан пред 18 години заради зајакнување на довербата и спречување судири меѓу државите.

Вашингтон се повлекува од Договорот затоа што оценува дека Русија не се придржува на одредбите.

Тагови
реклама

Ја избричи брадата по 10 години и ја шокираше сопругата

Read more

Девет милиони лајкови за новиот имиџ на Роналдо

Read more

На кои плажи во Бугарија ќе добиете бесплатни лежалки и чадори за сонце летово?

Read more

Ова беа најгледаните серии на Netflix за време на карантинот

Read more

Свет

Повторно протести во Хонгконг, полицијата употреби солзавец

Read more

Турција: Сѐ помалку заболени и починати, се размислува за ублажување на мерките

Read more

Бројот на деца кои живеат во сиромаштија ќе се зголеми на 672 милиони

Read more

Трамп сака да ги повлече сите војници од Авганистан

Read more

Вести

Полицискиот час го прекршиле вкупно 4.783 граѓани, 816 во моментов се во државен карантин

Читај повеќе

25 нови случаи, тројца починати од COVID-19

Читај повеќе

Филипче: Здравството одлично се справи со пандемијата

Читај повеќе

Од петок повторно бесплатен јавен превоз за пензионери

Читај повеќе

Во Студентски град во Софија запленети околу 300 килограми кокаин

Читај повеќе

Apple повторно отвора 100 продавници во САД

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Повторно протести во Хонгконг, полицијата употреби солзавец

Читај повеќе

Дваесет лица не го почитувале полицискиот час

Читај повеќе

Чулев: Го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство врз жените

Читај повеќе