Русија потврди дека нема да дозволи непречен премин на бродови со жито

Русија нема да дозволи понатамошен извоз преку Црно Море по нејзината најавена суспензија на договорот за жито со Украина.

„Договорот не треба да се спроведува без нас“, изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во во Њујорк.

„Не можеме да дозволиме непречен премин на пловни објекти без наша инспекција“, рече Небензја, пренесе dpa.

Реакцијата на Русија доаѓа откако ОН изнесе став дека извозот на жито може да продолжи и договорот останува во сила.

Во саботата, Русија го суспендираше договорот, постигнат со посредство на Турција и ОН. Москва како причина ги наведе нападите со беспилотни летала на Киев врз нејзината Црноморска флота.

Претходно, Кремљ оцени дека За Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црно Море откако Москва го прекина учеството во договорот.

„Во услови кога Русија зборува за неможноста да се гарантира безбедноста на превозот во тие области, таков договор е тешко изводлив и добива поинаков карактер – многу поризичен, опасен, без гаранции“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ја обвини украинската страна дека со своите постапки ги прекршила условите од договорот.

реклама

Кои хороскопски знаци ќе „процветаат“ по 21 април?

Read more

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Прва реакција на Кремљ за победата на проруската партија во Бугарија

Read more

Свет

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Read more

Пресврт за Јапонија: Првпат по 80 години ќе врши извоз на оружје

Read more

Европскиот суд го поништи анти-ЛГБТИ законот на Унгарија

Read more

Зошто Кина не ја снајде нафтена криза?

Read more
 

Вести

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Читај повеќе

Утре променливо облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од Дебар Маало

Читај повеќе

СДСМ тврди: Груевски има унгарски и српски пасош

Читај повеќе

Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Раскопан гроб со статус на културно наследство во Старо Нагоричане

Читај повеќе

Филозофскиот факултет незаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, потврди Јаневска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на ѓубривата: Владата со мерки за стабилизација на цените

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице

Читај повеќе