Русија предаде доказ: Нервниот гас со кој беше отруен Скрипал е американски патент

Русија предаде доказ дека нервниот гас од тип „новичок“ бил произведен и патентиран во САД во 2015 година, како еден вид хемиско оружје, изјави претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин.

Рускиот претставник за време на вонредната седница на извршниот совет на OPCV, покажа документ од Канцеларијата за патенти и брендови во САД, кој датира од 1 декември 2015 година.

„Овој документ потврдува дека „новичок“ не е само произведен, туку и патентиран како хемиско оружје во САД“, изјави Шулгин.

Тој додаде и дека во приложениот документ се споменува и изработка на специјален куршум, кој може да се полни со отровни супстанции.

„Во крајна мерка една од активните супстанции со која може да се полни тој куршум, може да биде некој од нервните агенси, како што се табун, сарин, соман, циклосарин, VG, VM, VR, VH, и внимавајте сега, агенси кои припаѓаат на типот „новичок“, изјави Шулгин.

Шулгин уште еднаш нагласи дека нервниот гас „новичок“ никогаш не се произведувал во Русија, ниту пак за време на Советскиот сојуз.

Тој нагласи дека оваа формула сведочи за тоа дека во САД изработувале и патентирале супстанции од типот „новичок“.

Поранешниот руски контрашпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест во англискиот град Солсбери на 4 март, а Лондон тврди дека Москва стои зад нападот, кој е извршен токму со нервен гас „новичок“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе