Русија: Сценариото во Дума го подготви Вашингтон

Хаг, 16 април 2018 (МИА) - Провокативното сценарио во Сирија  го подготови Вашингтон, изјави постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин на денешната седница на ОПЦВ.

- Сѐ се развиваше според сценариото, кое  однапред го подготви Вашингтон. САД, Велика Британија, Франција и уште некои држави брзо ја обвинија сириската власт по лажните вести од „Белите шлемови“, изјави Шулгин.

Тој додаде дека, потоа се издадени „бучни“ соопштенија дека постојат некои доверливи податоци дека сириската Влада повторно сторила злосторство против сопствениот народ и оти тоа не смее да мине неказнето.

- Не им пречеше што ситуацијата беше апсурдна, бидејќи Источна Гута всушност беше ослободена и постигнат беше договор со последните екстремистички групи во Дума дека ќе им биде обезбеден хуманитарен коридор, за да имаат безбеден премин, заедно со своите семејства, да отидат во провинцијата Идлиб, рече Шулгин.

Тој, видео записот објавен по наводниот напад со хемиско оружје, го нарече провокација и рече дека „псевдохуманитарната невладина организација, како што е „Белите шлемови“, ја направила снимката.

- Ниту еден сведок ниту пациент во болница не е пронајден. Не се пронајдени никакви траги од хемиско оружје. Успеавме да ги најдеме тие кои учествуваа во создавање на овој лажен видео запис, кој е прикажан како доказ за напад со хемиско оружје“, рече Шулгин на денешната сеница на ОПЦВ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе