Русија се повлекува од најголемиот светски научен проект

Неколкудецениската соработка на Русија со Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во Женева е при крај, јави во неделата dpa, истакнувајќи дека научниците од таа европска институција соработувале и со Русија за време на Студената војна.

Беате Хајнеман, директор на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Електронски синхротрон (DESY) во Хамбург, изјави за dpa дека повлекувањето на Русија ќе има голем број негативни последици.

„Ова не значи дека некои истражувања ќе бидат невозможни поради прекинот на соработката, но ќе биде многу потешко и побавно, ќе има одложувања“, рече Хајнеман.

Околу 1.000 научници од Русија беа вклучени во проектите на CERN

CERN, основан во екот на Студената војна во 1954 година, е една од најважните истражувачки институции за физика на честички и е дом на најмоќниот акцелератор на честички во светот.

Илјадници научници од целиот свет работат на истражување во CERN. Околу 1.000 научници од Русија беа вклучени во проектите, рече Јоаким Мних, директор за истражување во CERN.

„Пред да заминат, тие беа многу корисни во пренесувањето на нивната експертиза, колку што можеа“, рече Мних.

„Голема штета“

„Научниците од CERN работеа со Русија за време на Студената војна, мотивирани од научната љубопитност и во мирна средина. Се чини дека тоа веќе не е можно, што е голема штета“, рече Маркус Клуте, раководител на Институтот за физика на експериментални честички на Институтот за технологија (KIT) во Карлсруе.

Во јуни 2022 година, CERN одлучи да ги раскине договорите за соработка со Русија и Белорусија поради војната во Украина. Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27 јуни, а со Русија на 30 ноември.

Заминувањето на руските научници сериозно ќе се одрази на проектите на CERN, вклучително и експериментите на The Large Hadron Collider (LHC), бидејќи Русија учествуваше со 4,5 отсто од буџетот за тие експерименти, односно придонесуваше со 2,3 милиони швајцарски франци годишно.

Тагови
реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Падна француската влада

Read more

Вести

Нов американски извештај: Потеклото на COVID-19 е поврзано со истекување во лабораторија

Read more

Етимологија на имињата на државите во САД: Половина се од домородното население

Read more

WhatsApp ја прекинува поддршката за неколку iPhone модели

Read more

Apple ќе претстави smart home hub во 2025 година

Read more
 

Гик

Ништо од поддршката за Windows 11 на постарите уреди

Читај повеќе

Perplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници

Читај повеќе
  • filter

Археолошко богатство најдено во термални бањи во Тоскана

Читај повеќе

Xiaomi 15 Ultra: Протекоа нови детали за еден од најмоќните смартфони

Читај повеќе

Нов американски извештај: Потеклото на COVID-19 е поврзано со истекување во лабораторија

Читај повеќе

За 30-годишнината PlayStation 5 добива теми инспирирани од секоја генерација на конзолата

Читај повеќе

Маск сака да пушти нога и во гејминг светот

Читај повеќе

Етимологија на имињата на државите во САД: Половина се од домородното население

Читај повеќе

WhatsApp ја прекинува поддршката за неколку iPhone модели

Читај повеќе