ДОПИНГ АФЕРА

Русија условена за Светско 2022, Путин се сомнева во политички сплетки

Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги прифати препораките на комитетот за усогласеност и ја отстрани Русија четири години од сите поголеми натпреварувања, вклучително и Олимписките игри и Светските првенства.

Вчера во Лозана се одржа состанок на Извршниот комитет на ВАДА за статусот на РУСАДА. Се известува дека одлуката е донесена едногласно.

Претходно, комитетот за усогласеност препорача да се отстрани Русија од меѓународните натпревари четири години и да се лиши земјата од правото да биде домаќин на големи спортски турнири.

Руските власти нема да можат да присуствуваат на Олимпијадата и на другите големи турнири. Исто така, Русија ќе треба да плати казна.

Чистите руски спортисти ќе бидат примени на Игрите и Светските првенства, но само во неутрален статус – без знаме и химна.

Ова важи и за руската фудбалска репрезентација – Русите на Мундијалот би играле без нивното знаме, химната и во неутрални дресови, но сепак останува неизвесно дали ќе бидат подготвени на тоа ако се изборат за пласман во Катар 2022.

Од ФИФА велат дека го добиле известувањето од ВАДА.

„ФИФА го доби дописот за одлуката на Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција (ВАДА) и во контакт се за да се разјасни како оваа одлука ќе влијае на фудбалот“, фелат оттаму.

„Аферата допинг“ е резултат на истрага базирана на податоците од базата на московската антидопинг лабораторија, која ги содржи резултатите од студиите за 2012-2015 година. Независни експерти откриле дека базата на податоци е изменета со цел да се сокријат позитивните допинг-тестови на руските спортисти.

Руската страна има рок од 21 ден да поднесе жалба за одлуката на ВАДА.

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше одлуката на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во врска со четиригодишната суспензија на спортистите од оваа земја. Тој побара руските спортисти да настапуваат под државното знаме.

„Треба да ја анализираме оваа одлука на ВАДА за руските спортисти. Најважно, според мое мислење, а мислам и дека сите се согласуваат со ова, е дека секоја казна, како што беше од времето на римското право, треба да биде индивидуална и да тргне од она што го сторило едно или друго лице. Казните не можат да бидат од колективна природа и да важат за луѓе кои немаат никаква врска со одредени прекршувања. Мислам дека стручњаците од ВАДА го разбираат и ова, но ако некој од нив донесе вакви одлуки за колективни казни, тогаш ми се чини дека има причини да верувам дека ваквите одлуки не се засноваат на чистотата на светските спортови, туку имаат политичка заднина. Ова нема никаква врска со интересите на спортот и олимпиското движење“, изјави Путин.

реклама

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Read more

Фудбал

Шкендија славеше во Битола и се одлепи на врвот

Read more

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Read more

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Read more

Голманот на Пандев позитивен на корона

Read more

Спорт

Шкендија славеше во Битола и се одлепи на врвот

Читај повеќе

Куартараро ја врати предноста во Мото ГП по победата во Каталонија

Читај повеќе

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Читај повеќе
  • filter

Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас со златен гол ја врати надежта

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс е шампион на Западот и обезбеди финале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Читај повеќе

Вардар и Пелистер ги дознаа противниците во СЕХА лигата

Читај повеќе

Голманот на Пандев позитивен на корона

Читај повеќе