ДОПИНГ АФЕРА

Русија условена за Светско 2022, Путин се сомнева во политички сплетки

Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги прифати препораките на комитетот за усогласеност и ја отстрани Русија четири години од сите поголеми натпреварувања, вклучително и Олимписките игри и Светските првенства.

Вчера во Лозана се одржа состанок на Извршниот комитет на ВАДА за статусот на РУСАДА. Се известува дека одлуката е донесена едногласно.

Претходно, комитетот за усогласеност препорача да се отстрани Русија од меѓународните натпревари четири години и да се лиши земјата од правото да биде домаќин на големи спортски турнири.

Руските власти нема да можат да присуствуваат на Олимпијадата и на другите големи турнири. Исто така, Русија ќе треба да плати казна.

Чистите руски спортисти ќе бидат примени на Игрите и Светските првенства, но само во неутрален статус – без знаме и химна.

Ова важи и за руската фудбалска репрезентација – Русите на Мундијалот би играле без нивното знаме, химната и во неутрални дресови, но сепак останува неизвесно дали ќе бидат подготвени на тоа ако се изборат за пласман во Катар 2022.

Од ФИФА велат дека го добиле известувањето од ВАДА.

„ФИФА го доби дописот за одлуката на Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција (ВАДА) и во контакт се за да се разјасни како оваа одлука ќе влијае на фудбалот“, фелат оттаму.

„Аферата допинг“ е резултат на истрага базирана на податоците од базата на московската антидопинг лабораторија, која ги содржи резултатите од студиите за 2012-2015 година. Независни експерти откриле дека базата на податоци е изменета со цел да се сокријат позитивните допинг-тестови на руските спортисти.

Руската страна има рок од 21 ден да поднесе жалба за одлуката на ВАДА.

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше одлуката на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во врска со четиригодишната суспензија на спортистите од оваа земја. Тој побара руските спортисти да настапуваат под државното знаме.

„Треба да ја анализираме оваа одлука на ВАДА за руските спортисти. Најважно, според мое мислење, а мислам и дека сите се согласуваат со ова, е дека секоја казна, како што беше од времето на римското право, треба да биде индивидуална и да тргне од она што го сторило едно или друго лице. Казните не можат да бидат од колективна природа и да важат за луѓе кои немаат никаква врска со одредени прекршувања. Мислам дека стручњаците од ВАДА го разбираат и ова, но ако некој од нив донесе вакви одлуки за колективни казни, тогаш ми се чини дека има причини да верувам дека ваквите одлуки не се засноваат на чистотата на светските спортови, туку имаат политичка заднина. Ова нема никаква врска со интересите на спортот и олимпиското движење“, изјави Путин.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе