Маж вооружен со нож влегол во канцеларијата на радио станицата Ехо Москва и ја избодел водителката.
Ова руско радио на својот интернет сајт ја пренесе веста дека маж со нож ја избодел во вратот водителката Тајана Фелгенгауер.
Припадниците на обезбедувањето го фатиле напаѓачот и го предале на полицијата.
Водителката Тајана Фелгенгауер била хоспитализирана и за среќа не е во животна опасност, соопшти руската радио станица.
Неименуван извор од полицијата го потврдил нападот и соопштил дека напаѓачот е на испитување и се утврдува мотивот за нападот.