Дали е птица? Дали е авион? Не, тоа е воено куче кое лета и кое наскоро ќе се појави на военото поле, да се надеваме не во наша близина...
Русија планира овој новитет во армијата да го воведе од наредната 2022 година.
Ако помисливте дека кучињата сами ќе скокаат со падобран - не, тоа нема да биде изведено така. Тие ќе скокаат заедно со војник кој ќе го контролира падобранот.
Ваквите единици веќе одржуваат вежби, а ќе служат во мисии за потрага и спасување, но и други операции каде што армијата има потреба од кучиња.