Хроника

Русин фатен со дрога во неговата хотелска соба во Гостивар

19. февруари 2020 - 15:53 | Кајгана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.В.С.(36) од Руската Федерација, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 10.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во соба во хотел во Гостивар, каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Во неповрзани случаи, кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ е поднесена и против Д.Т.(45) од Радовиш кај кого на 12.02.2020, во неговиот дом на бул.„Александар Македонски“, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.И.(19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.08.2019 во с.Зубовце, гостиварско, полициски службеници од Полициско одделение Галате извршиле преглед на пријавениот, ко бил во паркирано возило „фиат“ со италијански национални ознаки, при што пронашле марихуана.

Во соопштението од МВР стои дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.М. (31) од с. Владимирово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во периодот од август до септември 2019 пријавениот, на А.М. од с.Русиново и на други лица им продавал марихуана заради нивно уживање, по што во домот на А.М., при извршен претрес, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(25) од с.Велестово, охридско и С.П.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.04.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле кујнска вага и мешавина од тутун и марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(23) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Јанко Михајлоски“ во Кичево, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA) и марихуана.

Коментирај