Русите и Американците седнаа на преговарачка маса

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, денеска се состанаа со високи американски дипломати во Саудиска Арабија.

На состанокот присуствуваа американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот советник за национална безбедност Мајк Валц, американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков.

Целта на разговорите, според тврдењата на Москва, е обновување на билатералните односи.

Лавров рече дека целта на разговорите ќе биде завршување на „ненормалниот период“ во односите на двете „големи сили“. Дискусијата би можела да ги постави и темелите за потенцијална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавува CNN.

Во руската делегација е и Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика. Тој, по пристигнувањето во Ријад, рече дека разговорите за Украина ќе бидат исклучиво билатерални, извести руската државна новинска агенција РИА.

„Дојдовме да преговараме само со американските колеги. Главно е да започне вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон“, рече Ушаков, а пренесува РИА. „Ова се билатерални разговори, чисто билатерални. Не може да има никакви трилатерални разговори во Ријад.“

И американската страна нагласи дека на денешниот состанок не станува збор за почеток на преговори, туку за да се утврди дали Русија е „сериозна“ околу завршувањето на војната во Украина, јавува BBC.

Русија вели дека нејзин приоритет е почеток на нормализација на односите со САД.

Исклучени Украинците и Европејците

Состанокот, од кој се исклучени Украинците и Европејците, доаѓа среде дипломатски превирања предизвикани од минатонеделниот разговор меѓу Трамп и Путин, кој го разби единството на Западот против Москва.

Европејците во понеделникот се состанаа во Париз за да разговараат за нивната стратегија, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Турција за да се состане со својот колега Реџеп Таип Ердоган во вторник и во Саудиска Арабија во среда. Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог, ќе отпатува во вторник во Полска, а потоа во Киев во четврток.

Од американска страна, државниот секретар Марко Рубио престојуваше уште во понеделникот во Саудиска Арабија каде го прими престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Тагови
реклама

Кои хороскопски знаци ќе „процветаат“ по 21 април?

Read more

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Прва реакција на Кремљ за победата на проруската партија во Бугарија

Read more

Свет

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Read more

Пресврт за Јапонија: Првпат по 80 години ќе врши извоз на оружје

Read more

Европскиот суд го поништи анти-ЛГБТИ законот на Унгарија

Read more

Зошто Кина не ја снајде нафтена криза?

Read more
 

Вести

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Читај повеќе

Утре променливо облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од Дебар Маало

Читај повеќе

СДСМ тврди: Груевски има унгарски и српски пасош

Читај повеќе

Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Раскопан гроб со статус на културно наследство во Старо Нагоричане

Читај повеќе

Филозофскиот факултет незаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, потврди Јаневска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на ѓубривата: Владата со мерки за стабилизација на цените

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице

Читај повеќе