Русите ја спасуваат ЕУ: Стигна експресен одговор на „понудата што не се пропушта“

По понудата на Москва да му помогне на Брисел, кој е на тенок мраз кога станува збор за вакцинација против коронавирус, одговорот од ЕУ пристигна молскавично брзо.

За потсетување, од Москва беше испратена „понуда што не се одбива“ - компанијата што стои зад руската вакцина против коронавирус ѝ понуди на Европската Унија да им испрати 100.000.000 дози вакцина „Спутник V“ во текот на вториот квартал на оваа година.

Брисел со денови имаше огромни проблеми со вакцинирањето на жителите на Унијата поради доцнењето во претходно договорената достава на вакцини од компанијата AstraZeneca. Компанијата Moderna ги извести и официјалните лица во Париз дека нема да можат да го почитуваат претходниот договор, односно дека вакцината ќе доцни.

По понудата на Москва, одговори германскиот институт „Пол Ерлих“, од каде беше објавено дека тие веќе се во контакт со Русија во врска со регистрацијата на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ во Европската унија.

Иако не постои официјален став на органот надлежен за конечната одлука на Европската комисија, но реалноста не им дозволува да одолговлекуваат. Војната со AstraZeneca продолжува, Велика Британија, каде отиде најголемата количина на вакцини AstraZeneca, не сака да му го покаже на Брисел договорот со фармацевтската компанија, Брисел бара од AstraZeneca да ги објави деталите за договорот и така натаму....

Во меѓувреме, две членки на ЕУ полека почнуваат да размислуваат за свртување кон друг пазар - Русија, но и Кина. Сепак, унгарскиот премиер рече дека неговата земја може да потпише договор за набавка на кинески вакцини деновиве, а дека руската „Спутник V“ е веќе набавена.

Сега, друга земја влегува во приказната за набавка на руската вакцина во земјите на ЕУ - Хрватска. Од Загреб доаѓаат информации дека размислуваат за руската вакцина и за нејзината набавка, бидејќи треба да се биде реален - за оваа сè уште нема нарачка.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе