Русите направија незапирлива ракета шест пати побрза од звукот

Русите направија нова хиперсонична противбродска ракета „циркон“, способна само со еден удар да уништи носач на авиони, објавија руските медиуми.

Од Кремљ наведуваат дека крстосувачката ракета разива брзина од 6.000 до 7.400 километри на час, што е пет до шест пати побрзо од брзината на звукот.

Медиумите во Русија пишуваат дека воениот брод „Петар Велики“, кој се очекува да биде пуштен во употреба во 2018 година, ќе биде вооружен со вакви ракети.

Експерти, за англиските медиуми, предупредуваат дека проектилот е речиси незапирлив и наведуваат дека тој може целосно да ги уништи „Кралица Елизабета“ и „Принцот од Велс“, носачи на авиони на Британската кралска морнарица.

Сегашните противракетни системи на британската морнарица опремени се со оружје кое може да собори само ракети со брзина од околу 3.700 километри на час, што значи дека ќе бидат целосно неупотребливи против „цирконите“.

Експерт за поморско војување, Пит Сендмен изјави за Sunday People дека одбраната од хиперсонични проектили претставува голем предизвик за бродовите.

„Има малку време за да се реагира и открие проектил. Дури и да експлодира во близина, се ослободува големо количество енергија така што бродот секако ќе претрпи огромна штета,“ наведе Сендмен.

Крстосувачката ракета „циркон“ може да се лансира од земја, од носач од море или од подморница, а направена е со технолошко решение со помош на кое горивото се меша со воздухот и тоа ѝ овозможува да развие голема брзина, пишува Daily Mail.

За споредба, побрза е од куршум испукан од снајпер и за две и пол минути поминува околу 250 километери. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Read more

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more
 

Магазин

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе