Авто новости

Русите тестираат: Дали моторот на Lada ќе стартува кога е забетониран?

3. јуни 2019 - 12:12 | А.С.

Кога се во прашање Руси и нивните автомобили, може да очекувате сѐ и сешто, вклучувајќи и тест возење на Lada со забетониран мотор.

Дечките од YouTube каналот Garage54  веќе докажаа дека автомобилите Lada  се отпорни и издржливи и често ги ставаат на тестови што не може ни да се замисли дека ќе ги поминат „западните“ возила.

Најнов тест на Русите беше да видат дали ќе стартува моторот на Lada ако го забетонираат. Идејата беше дури и да го повозат ако „запали“.

Дали експериментот успеа погледнете во видеото:

Коментирај