Авто новости

Русите трошат повеќе на луксузни автомобили: Кои се најпродаваните модели?

20. мај 2019 - 14:29 | А.С.

Продажбата на автомобили од премиум брендови во Русија се зголеми во првиот квартал од 2019 година за 9% во споредба со истиот период претходната година.

Руските купувачи имаат најмногу доверба во три луксузни автомобилски брендови.

Најбаран премиум автомобил на рускиот пазар во првите три месеци од годинава беше BMW 5 Series. Во првиот квартал од 2019 година, Русите купиле 1.678 вакви возила, што е раст од 18% на годишно ниво, пишува Autostat.ru.

На позиција број два е BMW SUV X3, со 1.618 испорачани единици, а на трето место е јапонскиот SUV Lexus RX со 1.610 продадени возила.

На четврто место е Mercedes E-class за кој се одлучиле 1.548 купувачи во првите три месеци од 2019 година.

На петтата позиција е BMW SUV X5, модел што во периодот од јануари и февруари годинава се продаде во 1.443 примероци.

Коментирај