Русите ветија андроид кој танцува - испадна дека е човек маскиран во робот

Руската национална телевизија Russia-24 на гледачите им го претстави „најнапредниот човеколик робот кој знае да танцува“, па дури и го изнесе на сцена за да се пофали со неговите способности. Но, набрзина вистината излезе на виделина – наместо робот, тие претставија човек во роботски костум.

„Роботот Boris веќе научи да танцува и воопшто не е лош во тоа“, рече репортерот на Russia-24 кој известуваше од младинскиот форум посветен на роботика и нови технологии.

Блогерите и експертите за технологија веднаш почнаа да се сомневаат во претставената технологија. Рускиот вебсајт TJournal почна да поставува прашања поврзани со перформансите на роботот: Каде се надворешните сензори на Boris? Зошто роботот прави „непотребни движења“ додека танцува? И најважно, зошто роботот е толку крупен како да во него може да собере цел еден возрасен човек?

Само неколку часа откако Борис ѝ беше претставен на публиката, фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваа човечки врат како се крие под роботската површина.

Испадна дека Boris е всушност човек облечен во костум наречен „Роботот Аљоша“ направен од компанија која се вика Show Robots. Костумот чини 3.500 долари и е опремен со микрофон и дисплеј, за да креира илузија дека се работи за вистински робот кој е способен да извршува човечки движења и активности.

Фотографија објавена од страна на MBKh Media, новинска агенција основана од Михаил Кодорковски - еден од најжестоките противници на Владимир Путин, покажува актер како го облекува костумот на Boris, непосредно пред форумот одржан во Јарославл.

Организаторите на технолошкиот форум кој се одржува секоја година побрзаа да истакнат дека тие воопшто не се обиделе да го претстават роботот како вистински, но за нивна несреќа, телевизијата Russia-24 го направи токму тоа.

„Би било убаво доколку некој од студентите кои се присутни тука се посвети на роботиката. Посебна мотивација би можел да им биде некој од напредните и модерни роботи кои се претставени денеска на сцената“, рече репортерот на Russia-24.

Видеото во кое може да се види лажниот робот Boris како танцува набрзо беше отстрането од YouTube каналот на телевизијата, но само еден ден подоцна социјалните мрежи го направија своето и го вратија видеото пред очите на јавноста.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе