Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Преработената и пржената храна, особено месото, предизвикуваат воспаление на црниот дроб, крвните садови и зглобовите, што резултира со проблеми со кожата, метаболизмот и зголемување на телесната тежина.

Руската нутриционистка Зухра Павлова тврди дека по полни, јубилејни 40 години се гледаат последиците од невниманието од младоста. Сепак, нема ништо што здравите навики не можат да го решат и да му помогнат на вашето тело да избегне проблеми со срцето, црниот дроб, зглобовите и вишокот килограми.

Таа вели дека, покрај бројните промени, нутриционистите советуваат и промена на исхраната, бидејќи е вистинско време да се отстранат некои намирници од менито.

„Можете да заборавите на чипсот и газираните пијалоци. Разновидна исхрана е неопходна за да го одржите целиот организам во здрава состојба. За да го постигнете ова, мора да јадете грашок, грав, леќа, наут, житарки и млечни производи“, објаснува Павлова и додава дека е неопходно нашето мени често да вклучува: морска риба, печурки, грејпфрут, зелен зеленчук, хељда, ореви, брокула, но и куркума и ким.

Исто така, таа истакнува дека е важно да се пие што повеќе вода, бидејќи таа игра голема улога во функционирањето на организмот. Покрај водата, во секојдневната исхрана пожелни се и билните чаеви.

Што не треба да се јаде по 40-тата година?

Намалувањето на внесот на шеќер е основа за поздрав живот.

„Шеќерот е една од намирниците со висок гликемиски индекс. Го забрзува стареењето на мозокот, тој е одлично ‘гориво’ за малигните клетки. Ги оштетува протеините на сврзното ткиво кое ја старее кожата, крвните садови и внатрешните органи. Дефинитивно мора да се откажете од соковите и печивата. Исто така, обидете се да го намалите белиот леб, тестенините, белиот ориз и житариците“, објасни Павлова.

Докторката потсети и на штетата што може да ја предизвика брзата храна, бидејќи, како што објаснува, преработената и пржената храна, особено месото, предизвикува воспаление на црниот дроб, крвните садови и зглобовите, што резултира со проблеми со кожата, метаболизмот и зголемување на телесната тежина.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Здравје

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Read more

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Read more

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Read more

5 витамини за здрави заби и непца што треба да ги внесувате секој ден

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе