Руска инфлуенсерка со солзи во очите се збогува од Instagram: Тоа е мојата душа

Откако е соопштено дека во Русија ќе бидат згаснати 80 милиони Instagram профили, многу инфлуенсери се загрижија за нивната иднина. Така, една руска инфлунесерка предизвика особено внимание откако плачејќи објасни како ова за неа е повеќе од само заработка.

Руската инфлуенсерка искажа колку е погодена од одлуката за забрана на социјалните мрежи во земјата која изврши инвазија на Украина. Плачејќи, таа објасни како моментално минува низ тешки моменти. Нејзината реакција предизвика гнев кај јавноста.

„Мислите дека ова за мене како инфлуенсерка на Instagram е само извор за заработка? За мене тоа е живот, мојата душа. Со него се будам и лежам во изминатите 5 години“, обасни таа.

Нејзиното видео го сподели NEXTA, агенција насочена кон разоткривање на реалниот живот под власта на Путин. Во описот стои дека оваа Русинка очигледно не се ни грижи за луѓето во Украина.

„Изгледа дека таа не се грижи за илјадниците мртви луѓе, вклучително и нејзини сонародници. Единствено се грижи што нема да може да објавува фотографии од ресторани“, сметаат од NEXTA.

Иако Русинката веројатно сакаше да добие сожалување од јавноста, сепак таа доби само критики.

„Нека дојде во Харков, таму Instagram функционира“, порача еден корисник, а под нејзината објави некои корисници ставија видеа и фотографии од убиени цивили, порачувајќи дека за оваа глетка треба да тагува.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Чек дис аут

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more
 

Магазин

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе