Руската амбасада денеска со онлајн прослава за Денот на Русија

Државниот празник на Руската Федерација 12 Јуни – Денот на Русија, Руската амбасада во земјава годинава, поради пандемијата, наместо со традиционалниот прием и други свечености, ќе го одбележи со онлајн програма.

Како што соопштуваат од Руската амбасада, по повод Денот на Русија, во самата земја, но и пошироко, традиционално се одржуваат стотици свечености, како што се многубројни концерти, изложби, приеми, презентации, огномети. Оваа година заради епидемиолошката ситуација манифестации ќе се одржат онлајн, а денеска претседателот Путин ќе има видео обраќање кое ќе се пренесува и од Амбасадата преку социјалните мрежи.

– Празникот ја симболизира заедничката судбина на народите од различна етничка и верска припадност кои во мир и хармонија со векови живеат во Русија. Русија е свесна за својата особена одговорност за судбината на нашата планета. Ние настојуваме да ја промовираме обединувачката агенда која е насочена кон идинината, да играме активна и конструктивна улога за зацврстување на мирот, на глобалната и регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението.

Со оглед на мерките на македонската Влада, наведуваат, одлучивме годинава да не го одржуваме традиционалниот прием, како и други јавни настани. Денот на Русија ќе го прославиме во виртуелниот простор. Меѓу другото, на Facebook страницата на Амбасадата е отворена онлајн изложба „Објекти на Светското културно и природни наследство на УНЕСКО во Русија”, а на 12 јуни ќе можете да уживате во онлајн концерт на руските артисти кои претходно настапуваа пред македонската публика со изведба на хорска, естрадна, класична музика. Исто така на Facebook страницата објавивме детски награден ликовен конкурс „Русија преку очите на децата”, кој ќе трае до 30 јуни. Во конкурсот можат да земат учество сите заинтересирани не постари од 18 години, соопштуваат од Амбасада на Руската Федерација.

Празникот Денот на Русија, се одбележува секоја година, почнувајќи од 1990 година, кога била усвоена Декларацијата за државниот суверенитет на Русија, документ со кој, според претседателот Владимир Путин, „започнува новата историја на демократска држава втемелена врз граѓанските слободи и владеењето на законот“.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе