Руската армија се засили со роботски тенкови

Uran-9 е нов руски роботски тенк, копнено возило дизајнирано за потребите на антитерористичките и извидничките единици, како и за огнена поддршка на руската армија.

Руското Министерство за одбрана објави дека ќе ја формира првата единица со борбени роботи. Станува збор за единица која ќе се состои од пет роботски системи Uran-9, односно 20 борбени возила.

Новата воена технологија и роботските системи ги менуваат начините на војување во светот.

Во октомври минатата година, руската армија потврди дека ќе интегрира роеви борбени беспилотни летала, роботи и егзоскелети во борбената опрема од следната генерација, а на почетокот на овој месец, француската армија користеше куче-робот наречено Спот, како и други фасцинантни роботски тенкови и возила.

Првата руска роботска воена единица ќе биде експериментална, а целта е да се види како ќе функционираат војниците во комбинација со роботски системи. Доколку вежбите поминат добро, воениот персонал ќе биде обучен за управување со роботските возила Uran-9.

Uran-9 е производ на Конце́рн Кала́шникова. Toj e копнено возило без екипаж дизајнирано да им помага на борбените, извидничките и антитерористички единици, но и да обезбеди огнена поддршка кога е потребно. Роботот тежок 12 тони е опремен со навигациско оружје Ataka,  противтенковски ракети, ракетни фрлачи Shmel-M, 30мм автоматски топ 2А72 и 7,62 мм митралези.

Прво беше тестиран во сириската граѓанска војна, но неговите перформанси беа слаби. Роботот не можеше да ги заврши мисиите за кои беше задолжен. Сепак, оттогаш, неговиот опсег, времето на реакција и другите функции се подобрени, и официјално влезе во функција во 2019 година.

Remote video URL
реклама

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Read more

Интересот за вакцинација се зголемува, вчера вакцинирани 14.976 граѓани

Read more

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Read more

Кладилничарски идиот на денот

Read more

Вести

САД ја тргаат Xiaomi од владината црна листа

Read more

Boeing 737 Max повторно под лупа поради нови проблеми

Read more

Адвокати во САД го повикаа Facebook да се откаже од детскиот Instagram

Read more

Илон Маск ќе лансира сателит платен во доџкоини

Read more
 

Гик

Некои вируси имаат различна ДНК која содржи вонземски дел

Читај повеќе

САД ја тргаат Xiaomi од владината црна листа

Читај повеќе

Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Читај повеќе

Пловечка соларна платформа отпорна на урагани станува нов извор на обновлива енергија

Читај повеќе

Boeing 737 Max повторно под лупа поради нови проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

Читај повеќе

Facebook воведува ново правило за споделување вести

Читај повеќе

Apple работи на сопствена конзола за видеоигри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Чао Бену: Леталото Osiris-Rex се враќа на Земјата со примероци од астероидот

Читај повеќе